еТвининг - Примери од добра пракса

Во контекстот на еТвининг недели и Еразмус денови во соработка со Национална Агенција за европски програми и мобилност во просториите на нашето училиште на 12.10.2023 се одржа инфо ден на тема Вовед во еТвининг проекти, примери од добра пракса и основни насоки за работа. На настанот присуствуваа претставници од сите основни училишта од Општината, средното училиште и градинката. Предметниот наставник и наставник-ментор Емилија Стојановска несебично го сподели своето искуство со еТвининг проектите и ги мотивираше присутните да започнат со проекти и во нивните училишта/градинка.
Задоволни сме што нашето училиште беше домаќин на настан од овој тип преку кој сакаме да мотивираме и информираме за нови начини на работа кои ќе го направат образовниот процес интересен и иновативен. 🙂

Галерија