"МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕКУ СПОРТ"

Во рамките на планираните активности за меѓуетничка интеграција според програмата на нашето училиште на 06.12.2023 во училишната спортска сала н.м Средно Коњари беше одигран пријателски натпревар во женска одбојка помеѓу екипите на ООУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ од општина Илинден и ООУ БРАТСТВО и ЕДИНСТВО од општина Петровец .Под мотото "МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕКУ СПОРТ" .На овој пријателски натпревар учествуваа ученици од предметна настава со нивните одговорни наставници по физичко и здравствено образование како и директорите на двете училишта кои сите заедно преку нивните спортски активности и меѓусебна почит и соработка испраќаат порака за меѓуетничка интеграција и толеранција.
 
 

Галерија