Новогодишна приредба

На 27.12.2023 година централното училиште беше обвиткано со среќа, смеа и позитивна енергија. На прекрасно уредената сценографија реализирана од вредните раце на вработените во училиштето, учениците од предметна настава под менторство на наставникот по македонски јазик Мирјана Радуловиќ ја изведоа новогодишната претстава Празнична мешаница. На приредбата зедоа учество и хорот на училиштето како и ритмички точки во изведба на учениците од одделенска настава од централното и двете подрачни училишта. Поканетите гости, учениците и родителите уживаа во едночасовна забава и се радуваа заедно со своите дечиња.
Во рамките на активностите од проектот за Меѓуетничката интеграција во образованието ни беше особена чест и задоволство што со своето присуство не почестија директорот и претставници од партнер училиштето ООУ„Коцо Рацин“, Петровец. Особено не израдуваа учениците кои дојдоа заедно со своите наставници и имаат можност да ја проследат новогодишната приредба. Во духот на празниците директорот Дарко Петковски им подели новогодишни пакетчиња на гостинчињата.

Галерија