Пакетчиња и подароци за најмалите

На последниот училишен ден од календарската година, учениците се забавуваа во позитивна атмосфера со своите соученици, наставничките и омилената музика. Учениците од прво до трето одделение Дедо Мраз ги изненади со по едно пакетче, а за учениците од четврто и петто одделение се донирани смарт телевизори кои ќе придонесат за реализирање на поквалитетна настава во новата година. Пакетчињата и телевизорите со донација од компанијата ОКТА која секоја година се труди да измами задоволна насмевка на детските лица. Среќата која ја почувствувавме денеска нека не грее во секој нареден ден од новата година!

Галерија