eТвининг проектот со наслов Let's Play With Toys се реализираше во периодот од декември 2022 до јуни 2023. Заедно со учесници од Турција, Полска, Романија, Грузија и Јордан, учениците од петто одделение од нашето училиште заедно со наставникот Емилија Стојановска по англиски јазик зедоа учество и се усовршија во зборувањето на англискиот јазик и творење на англиски. Учениците беа вклучени во бројни активности како изработка на кратка драматизација, онлјан игри, креирање играчки од рециклирачки материјал, пишување приказна и креирање на песна.