Во склоп на еТвининг проектите се заврши и проектот Tales Living in Four Languages со ученици од седмо и деветто одделение и наставничката по англиски јазик Емилија Стојановска и наставничката по германски јазик Билјана Смилевска. Целта на проектот беше да се усовршат вештините пишување, читање и говорење на англиски и германски јазик преку соработка со земји од странство како и преку обработка на позната приказна. Во проектот учествуваа наставници и ученици од Турција и Македонија и истиот се спроведе во период од Демекври 2022 до Јуни 2023. Учениците имаа можност да се усовршат во употребата на дигитални алатки како и да учествуваат во бројни активности кои ги унапредија нивните јазични компетенции.