Безбедно користење на интернет

Кон крајот на месец февруари, месецот кога одбележуваме безбедно користење на интернет, да не заборавиме на важните совети кои ги споделуваме за време на нашите часови.

Споделувај внимателно
Како да го направиме Интернетот побезбедно место за сите нас?
 
Тоа што го правиме онлајн може да има последици во вистинскиот свет
Фотографиите, видеата, пораките и коментарите што ги споделуваш може да влијаат врз тебе, врз луѓето во твојот живот и врз другите луѓе на Интернетот.
Совет:
Пред да споделиш нешто, запрашај се:
- Како ќе се чувствувам ако оваа содржина заврши некаде каде што не ми било намерата да ја пратам?
- Дали ќе повредам или навредам некого со ова што го споделувам?
 
Твојата објава може да стигне до многу повеќе луѓе одошто мислиш
Дури и ако објавиш приватно или пратиш порака приватно, не можеш целосно да имаш контрола врз тоа кој ќе види што објавуваш. Секогаш постои можност некој друг да зачува кадар од екранот (screenshot) или самиот да ја сподели твојата објава (re-share).
Совет:
Пред да споделиш нешто, запрашај се:
- Како ќе се чувствувам ако ова го види и некој друг, покрај лицето со кое го споделувам?
- Колкава е можноста мојата содржина да се употреби или злоупотреби во поинаков контекст?
 
Прашај пред да споделиш фотографија или видео од некого
Може да биде засрамувачки, небезбедно, па дури и противзаконски да споделиш фотографија или видео без да добиеш дозвола за споделување.
Совет:
Пред да споделиш фотографија или видео на која има и други луѓе, прашај ги дали може.
 
Размисли пред:
ДА ПРИФАТИШ
Запомни: понекогаш луѓето се преправаат дека се некој што не се и тешко може да се препознае дали ја зборуваат вистината.
Дали имате заеднички пријатели? Дали сте од ист град? Не се чувствувај под притисок дека мора да прифатиш барање за пријателство (friend request) од непознат. Провери си ги своите нагодувања за приватност (settings), така што луѓето што не ги познаваш да не можат да видат ниту една информација што не сакаш да ја видат.
ДА ПРАТИШ
Не шири гласини и не споделувај приказни или фотографии што може да повредат или засрамат некого. Она што некому му се чини дека е невина шега, може длабоко да повреди некој друг.
Размисли два пати пред да стиснеш ‘испрати’ (пред да „кликнеш send“), особено ако си вознемирен/а или налутен/а. Штом ќе споделиш порака, фотографија или видео, тешко може да контролираш што понатаму ќе се случува со нив. И речиси е невозможно да ги избришеш.
И запомни, ти имаш право на приватност – но имаат и другите. Не е во ред да се најавуваш на туѓ акаунт или да го користиш нивниот телефон без дозвола.
ДА СПОДЕЛИШ
Можеш да ги промениш нагодувањата за приватност на платформите на твоите социјални медиуми за да контролираш кој ќе ги гледа твоите информации – како и сите локации каде што ќе означиш дека си (чек-ин).
 
Внимателно размисли што споделуваш и со кого. Ако твоите нагодувања за приватност не се подесени, секој може да ги види твоите информации. А и не заборавај дека луѓето може да зачуваат кадар од екранот (screenshot) од она што го споделуваш, дури и кога твоите нагодувања за приватност се ограничени или кога споделуваш во приватна порака или група.
Не споделувај лични информации, како што се адреса, телефонски број или банковна сметка. И никако не ги споделувај своите лозинки (passwords)!

За повеќе информации погледнете ги видеата на следните линкови

https://www.youtube.com/watch?v=JedbeeG-YNU&list=PLAl5NMJIzghBPHyGcD5OUFuwtWgs_Sjuy&index=7 

https://www.youtube.com/watch?v=wAN0QWj80KA&list=PLAl5NMJIzghBPHyGcD5OUFuwtWgs_Sjuy&index=6 

https://www.youtube.com/watch?v=QyzhOVP0Rjw&list=PLAl5NMJIzghBPHyGcD5OUFuwtWgs_Sjuy 
 

Галерија