Светски ден на лица со Даунов синдром

21 март покрај тоа што е важен датум од календарот бидејќи ја славиме пролетта и екологијата е исто така најверојатно и единствениот ден кога е сосема во ред да се носат две различни чорапи без никому тоа да му е невообичаено. Во име на овој ден учениците од петто одделение од ПОУ Мршевци и учениците од трето одделение од ПОУ Текија со нивните одговорни наставници Емилија Стојановска и Јелена Савова во рамките на еТвининг проектот In Someone Else's Shoes спроведоа низа активности преку кои учениците ја подигнаа свеста за лицата со Даунов синдром.
 

Галерија