Дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение

На 30.05 и 31.05 се одржа дводневната наставно-научна екскурзија низ Источна Македонија со учениците од шесто одделение. Патувањето започна со посета на градот Виница и Виничкото Кале,потоа го посетивме Берово со прошетка низ Беровското Езеро и манастирот „Св.Архангел Михаил“.Ги видоа убавините на градот Струмица,Колешинскиот водопад,манастирот „Водоча“,патописните убавини на селото Вељуса каде го посетивме манастирот „Св.Богородица Елеуса“.Учениците се запознаа со културата и начинот на живеење на луѓето во одделени краеви и пројавија интерес за развивање позитивен однос кон националните и културните вредности во Источна Македонија.
Одговорни наставници: Мирјана Радуловиќ и Фросина Кузева

Галерија