Еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение

На ден 4.06.2024 год.(вторник), беше реализирана еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение во Крушево. Учениците најпрво го посетија спомен паркот на револуцијата „Могилата на непобедените“ во Прилеп, во чест на загинатите борци од НОБ. Патувањето продолжи кон градот Крушево. Се посети вечното почивалиште на прерано починатиот македонски пејач, Тоше Проески, а потоа учениците се упатија и кон неговата „Спомен куќа“, каде учениците дознаа повеќе за неговиот животен пат и музичка кариера. Патувањето продолжи кон меморијалниот комплекс „Илинден“ (Македониум). Таму учениците се запознаа со споменикот кој ја означува непокорноста, борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.
Одговорни наставници: Габи Николовска, Сузана Крстева, Силвана Величковиќ, Ленче Крстевска, Марко Симиќ

Галерија