In Someone Else's Shoes

Од ноември 2023 до јуни 2024, учениците од второ одделение од ПОУ Текија под менторство на нивната одделенска наставничка Јелена Савова, и учениците од петто одделение од ПОУ Мршевци под менторство на нивната наставничка по англиски јазик и Наум Алексиќ од второ одделние од централното училиште под менторство на образовниот асистент Катерина Димоска, учествуваа во проектот „ Да се биде во туѓи чевли“. Како дел од проектот се одбележаа датуми кои привлекуваат внимание на вреднување на различностите и зајакнување на луѓето со посебни потреби преку дизјанирање на различни активности (Меѓународен ден на толеранција, Светски ден на лицата со Даунов синдром, Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, Светски ден на свеста за аутизмот...) Во активностите учениците се запознаа со  Брајово писмо и говорни знаци и прикажаа неколку примери на животот на лицата со посебни потреби преку драматични или куклени претстави, со снимање видеа, преку креирање онлајн сликовници. Целта на проектот е развивање на ставовите, вештините и компетенциите на учениците за создавање на инклузивна училишна култура.

Галерија