Признание за еТвининг училиште

Особено сме горди дека нашето училиште денеска го доби престижното признание „еТвининг училиште,“ со што официјално се позиционираме на европската образовна мапа меѓу најиновативните училишта. Оваа награда е потврда за посветената работа на учениците и наставниците, кои преку нивната креативност, иновативност и отвореност кон нови методи на работа и соработка, го направија нашето училиште препознатливо во регионот и пошироко. Со добивањето на оваа плакета започнува нашата нова мисија – да го споделуваме нашето знаење, да ја прошириме нашата мрежа и да продолжиме да се стремиме кон квалитетно образование за секое дете.

Галерија