Соработката за меѓуетничка интеграција во образованието продолжува

Директорот на нашето училиште Дарко Петковски денес потпиша меморандум за продолжување на соработката со директорката на ООУ,, Кочо Рацин" с.Петровец, подрачно училиште во с. Огњанци Виолета Јаневска, за спроведувањето на активностите насочени кон меѓуетничката интеграција во образованието во рамките на проектот на УСАИД чија цел е зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Македонија.
Голема благодарност до директорката Виолета Јаневска и сите учесници од училиштето ООУ ,, Кочо Рацин'' за досегашната соработка која ќе продолжи успешно и во иднина.