Според членот 68, став 8 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 година) ООУ„Браќа Миладиновци“с.Миладиновци, објавува повик за избор на ученички правобранител и двајца негови заменици.
Ученичкиот правобранител е ученик кој ќе се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето.
Ученичкиот правобранител и неговите заменици ќе имаат обврска да ги промовираат детските права, да препознаваат прекршување на детските права во рамките на училиштето и да ги пријавуваат сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во училиштето и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител).
- УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за ученичката функција ученички правобранител и заменици имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение.
- II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо. Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко – психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат пријавата и да ја достават кај наставникот по Граѓанско образование, Билјана Таниќ. Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 10.10.2024 години.
- КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Училишна комисија (психолог,педагог,наставник по граѓанско образование и 3 лица назначени од Ученичкиот парламент) ги разгледува документите и врши селекција според следните критериуми: пол, возраст, основно познавање на детските права, мотивација за пријавувањето, комуникациски и организациски способности, вклученост во воннаставните активности.
Училишната комисија дефинира датум на избори, го објавува јавно на огласна табла на училиштето и ги организира изборите на ученички правобранител и двајца заменици.
Ученичкиот правобранител и неговите заменици се избираат со мнозинство гласови од учениците од седмо до деветто одделение, по пат на тајно гласање.
- IV. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЧКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИТЕ
Учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба на училиштето и наставникот по Граѓанско образование;
Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
Прибирање на претставки / поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
Редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба.
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците е две учебни години (доколку правобранителот е 9-то одделение, неговиот мандат е една учебна година).
01.10.2024 ГОДИНА
С.МИЛАДИНОВЦИ
Среќно на сите кандидати!