Отворен ден за професионален развој

Денеска (03.10.2024) во нашето училиште се одржа Отворен ден за професионален развој, каде што колеги од трите основни училишта од општината, ООУ„Ристо Крле“, ООУ„Гоце Делчев“, и ООУ„Браќа Миладиновци ги презентираа своите еТвининг проекти реализирани во текот на изминатата учебна година. Ваквиот тип на професионални средби е од големо значење за поттикнување на соработка меѓу наставниците, размена на добри практики и стремеж кон современа и иновативна настава која ги мотивира учениците и го прави учењето поинтересно и забавно. Во рамките на дискусијата, беа разгледани позитивните аспекти на учеството во еТвининг проекти како за учениците, така и за наставниците.

Галерија