Отворен час по македонски јазик (МИО)

Во рамките на МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието) на 3.10.2024 год. се реализираше отворен час по македонски јазик. Во реализација на часот учествуваа родители и ученици од 6,7 и 9 одд. Преку презентација и превод на народна приказна се реализирани целите односно народните приказни и поуките од нив да се доближат до децата.
Одговорен наставник: Анкица Димитриевска, наставник по македонски јазик
 
Народната приказна „Рибина чорба“ беше преведена на англиски, германски и ромски јазик на воннаставни активности по повод Денот на јазиците на 26.09.2024
Одговорни наставници:
Анкица Димитриевска, наставник по македонски јазик
Марија Митрева, наставник по англиски јазик
Билјана Смилевска, наставник по германски јазик

Галерија