Честит ден на учителот

По повод 5ти октомври, Светскиот ден на учителите, директорот на училиштето изрази длабока почит и благодарност кон сите наставници со симболичен, но многу значаен гест – подарок книга. Оваа книга не е само знак на признание за нивната посветеност, труд и заложба, туку и потсетник дека секоја прочитана страница го збогатува духот и знаењето.
Како што рекол Марк Твен: „Човек кој не чита, нема никаква предност пред оној што не знае да чита.“ Колку повеќе читаме, толку повеќе го прошируваме нашиот хоризонт, стануваме побогати со идеи, мисли и инспирација, што директно влијае на нашиот професионален и личен развој.
Честит Светски ден на учителите!

Галерија