Одбележан светскиот ден на наставниците

Одбележан светскиот ден на наставниците 5 октомври
Парламентарниот институт со работилницата насловена „Собранието и граѓанското образование“ се приклучи кон одбележувањето на 5 октомври- Светскиот ден на учителите, на која беа поканети наставници по граѓанско образование од целата држава. На оваа работилница присуствуваше и наставничката по историја и граѓанско образование Билјана Таниќ од нашето училиште.
Настанот беше отворен со поздравни обраќања од раководителот на Парламентарниот институт, Златко Атанасов, и Заменик-генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски.
Во рамките на одбележувањето, се одржа панел-дискусија на која учествуваа министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Иванка Василевска, директорот на НДИ Македонија, Роберт Хејзлет, Марина Димитриевска Георгиевска од Бирото за развој на образованието, како и Виктор Новаковски кој е воедно и автор на новата методска единица.
На работилницата, наставниците имаа можност да се запознаат со нова методска единица „Истражувачко новинарство“ која како пилот проект е планирано да се реализира во склоп на Граѓанското образование. Исто така наставниците беа запознати и со едукативните активности на Парламентарниот институт и можностите за пријавување со помош на електронските системи.
Овој настан имаше за цел да го истакне значењето на наставниците во нашето општество и да ги поттикне на понатамошна соработка во едукацијата на младите преку нови и иновативни методи.

Галерија