Час на отворено

На 16-ти октомври 2024 година, учениците од VII-2 одделение, заедно со нивната наставничка по македонски јазик, Анкица Димитриевска, одржаа час во природа. Со инспирација од убавото есенско време, учениците излегоа надвор од училницата, каде што можноста да бидат опкружени со природата дополнително ја поттикна нивната креативност. Во овој уникатен амбиент, тие работеа на создавање лирска поезија, користејќи ги звуците, боите и мирисите на природата како музите за нивните песни. Оваа активност не само што го збогати нивното разбирање на поетските форми, туку и ја поттикна нивната имагинација, правејќи го часот по македонски јазик искуство што ќе го паметат.

Галерија