Ученички правобранител

Избори за ученички правобранител во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци 🎉
На 18.10.2024 година, во нашето училиште се одржаа изборите за ученички правобранител и неговите заменици. Во изборната трка учествуваа четворица кандидати, а по пребројувањето на гласовите, со гордост објавуваме дека за ученички правобранител е избран Томислав Паневски од 8 одделение. Неговите заменици ќе бидат Сара Ѓошевска и Сташа Стојановиќ, исто така од 8 одделение.
Мандатот на ученичкиот правобранител и неговите заменици ќе трае две години.
💫 Им посакуваме успешна работа и им честитаме на избраните!

Галерија