23-ти Октомври, Ден на македонската револуционерна борба

На 23 октомври 1893 год.,во Солун е основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Овој датум се поврзува со организирана борба на македонскиот народ и националностите кои живееле на оваа територија, за формирање на независна држава. Затоа 23 Октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултира денеска да имаме сопствена и независна држава. 💁‍♀️ Учениците од 9-1 одд., со свои активности го одбележаа овој датум.
Одговорен наставник: Билјана Таниќ - проф. по историја и граѓанско образование

Галерија