Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта

Живот со предизвици!!! За мене,за тебе,за нас DM тип............... 14 Ноември - Светски ден за борба против дијабетес. Денес во нашето училиште се одржа едукативна презентација од страна на нашите ученички Ана Марковска IX -1 одд. и Теодора Илиевска VI-1 одд. кои се дирекно засегнати со оваа состојба. Учениците од IX одд. направија свои истражување и презентации со кои ја дадоа својата подршка на своите соученички и за сите лица кои се засегнати од оваа состојба. Наставникот по биологија пред присутните ученици и вработени го презентираше Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училишта, даден од Министерство за здравство. Нашето училиште ги почитува и одбележува деновите од календарот за здравје и секогаш ќе биде подршка на нашите ученици кои се засегнати со одредени состојби!!! 🩵
Одговорен наставник: Александра Стоевска наставник по биологија и хемија

Галерија