Комуникациски вештини

На 13.11.2024 во нашето училиште се одржа првата од трите планирани работилници во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина,“ кој се спроведува во соработка со Коалиција СЕГА, Прва детска амбасада Меѓаши, Смарт АП и МЦГО.
На оваа работилница учествуваа ученици, претставници од Ученичкиот парламент, а беше предводена од менторот за нашето училиште, Билјана Арсовска. Темата на работилницата беше „Комуникациски вештини“.
Целта на оваа интерактивна сесија беше:
- Да ги воведе учениците во светот на ефективната комуникација.
- Да се истакне значењето на правилното примање и споделување информации.
- Да се развијат основни комуникациски вештини, како активно слушање, поставување прашања и јасно изразување идеи.
- Да се подигне свеста за важноста на емпатијата и почитувањето во секојдневните интеракции.
Ова беше само почеток на активностите кои имаат за цел да создадат побезбедна и позитивна училишна средина. Го очекуваме следниот чекор со нетрпение и продолжуваме да работиме заедно за унапредување на нашето училиште!

Галерија