Истражувачки методи и алатки

Темата на втората работилница која се одржа денеска (15.11.2024) беше „Истражувачки методи и алатки“, а учесници беа учениците - претставници од Ученичкиот парламент. Работилницата беше водена од менторот за нашето училиште, Билјана Арсовска.
Целта на работилницата беше:
- Да ги запознае учениците со основните методи и алатки за истражување.
- Да ги поттикне да размислуваат креативно и критички за подобрување на наставата и училиштето.
- Да ги охрабри да предложат конкретни идеи за унапредување на нивниот престој во училишната средина.
Во текот на работилницата, учениците активно размислуваа и предлагаа начини за подобрување на наставните процеси и училишните услови. Според нивните идеи и договори, проектот ќе помогне во реализацијата на предложените иницијативи, кои ќе придонесат за подобра и побезбедна училишна атмосфера.
 
Продолжуваме со заедничка работа за позитивни промени во нашето училиште!

Галерија