-
18.11.2024
-
Сите активности, Училиштен правобранител
Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.
„Децата преземаат“ е клучна компонента од одбележувањето на Светкиот ден на детето и манифестација на нашата посветеност на детските права и учество, преку обезбедување платформи каде што децата можат да ги изразат своите идеи, ставови и барања кон носителите на одлуки со цел креирање иднина во која правата на секое дете се заштитени и исполнети.
ООУ„Браќа Миладиновци“ с.Миладиновци и оваа година се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на детето под слоганот „Слушнете ја иднината“.
За таа цел, училиштето организира „Отворен ден со Ученичкиот правобранител“ на кој ќе имаат можност учениците од училиштето да разговараат за значајни теми поврзани со децата.
Оваа година ќе се фокусираат на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии (иновации што значително го менуваат начинот на кој работиме, како што е вештачката интелигенција) и демографските промени.