Светски ден од превенција на насилство врз децата

По повод „Светскиот ден за првенција од насилство врз децата", 19.11.2024 година училиштето распиша конкурс на тема: " Училиште без насилство" каде учениците учествуваа со свои литературни творби и на тој начин укажаа на важноста за превенција против насилство врз децата, да учат во безбедна училишна средина и да покажат емпатија кон своите соученици без разлика на нивната верска и етничка припадност. На конкурсот учествуваа ученици од шесто до деветто одделение, за таа цел беа доделени награди за најуспешните.
Училиштето постојано се залага за создавање средина во кои ќе им се овозможи на учениците да имаат безгрижно и среќно детство.

Галерија