-
20.11.2024
-
Сите активности, Училиштен правобранител
Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.
„Децата преземаат“ е клучна компонента од одбележувањето на Светкиот ден на детето и манифестација на нашата посветеност на детските права и учество, преку овозможување на настани каде што децата можат да ги изразат своите идеи, ставови и барања кон носителите на одлуки.
Оваа година под слоганот „Слушнете ја иднината“, Светскиот ден на детето се фокусира на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографските промени.
ООУ„Браќа Миладиновци“ с.Миладиновци организираше „Отворен ден со Ученичкиот правобранител“, настан на кој учениците имаа можност да зборуваат за правата и обврските на децата, но и за трите мега трендови - климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографските промени, кои ја обликуваат иднината на децата.
Одбележувањето на Светскиот ден на детето во нашето училиште им овозможи на учениците да се слушне нивниот глас и да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат во нивниот детски развој.