Важност на оралната хигиена и здравје

Со учениците од прво до петто одделение во ПООУ Мршевци и ПООУ Текија, се одржа работилница за важноста на оралното здравје и хигиена. На работилницата, спец.д-р Анета Лазарова зборуваше за градбата и функцијата на оралната празнина, важноста на правилната исхрана и контролата на внес на шеќери, како и за практиките на правилна орална хигиена. Дополнително, беше истакната потребата од редовни посети на стоматолог, значењето на употребата на флуориди за заштита на забите и превенцијата од кариес.
Учениците активно учествуваа во дискусиите, поставувајќи прашања и споделувајќи свои искуства. Преку интерактивни активности, тие научија како правилно да ги четкаат своите заби и да ги одржуваат здрави, што е основа за општото здравје и добросостојба. Настанот имаше за цел да поттикне свест кај најмладите за важноста на навиките за грижа за оралното здравје, кои ќе ги следат и во иднина.

Галерија