Фолклорот и културното наследство на припадниците на заедниците кои живеат во Македонија

Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во подрачното училиште ,,Кочо Рацин '' во Огњанци се одржа активност на тема : Фолклорот и културното наследство на припадниците на заедниците кои живеат во Македонија. Се обрна внимание на македонскиот и албанскиот фолклор. Учениците заеднички низ традиционални народни ора и танци како и со песна се дружеа, разменуваа искуства од стекнатите знаења по предметите: Музичко образование и Физичко и здравствено образование. Се покажа меѓуетничка толеранција и култура. Учениците беа поздравени од директорите на двете училишта кои ги поттикнаа и мотивираа да продолжат учениците и во иднина да се одржуваат повеќе вакви средби.

Галерија