Тимска работа и соработка

На 29.11.2024 година, во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, се одржа работилница на тема „Тимска работа и соработка“ со учество на ученици, претставници на ученичкиот парламент.
Целта на работилницата беше учениците да стекнат знаења и вештини за тимска работа, кооперативно однесување и заедничко постигнување на цели. Преку интерактивни активности како „Ајкула“ и „Пуст остров“, учениците развиваа комуникациски, критички и флексибилни вештини, а истовремено ја согледаа важноста на соработката и меѓусебната поддршка.
Во следниот период, учениците кои учествуваа во работилницата ќе организираат дисеминација за своите врсници, со цел што повеќе ученици да бидат опфатени и да ги користат техниките и придобивките од тимската работа и соработката.
Продолжуваме со активности кои ја поттикнуваат тимската работа, демократската култура и безбедната училишна средина во нашето училиште. 👥✨
Работилницата ја водеше психологот Татјана Насевска Додевска, а се реализира во соработка со Прва детска амбасада Меѓаши, СМАРТ АП, Коалиција СЕГА и МЦГО.

Галерија