Позитивно родителство и превенција од насилно однесување

Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, на ден 29.11.2024 година се одржа работилница за родители, организирана со поддршка на Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi и учество на нивниот претставник, Жарко Змијанац, а водена од психологот на училиштето Татјана Насевска Додевска.
На работилницата беа презентирани различни стилови на родителство, примери за позитивно однесување, како и практични насоки за превенција и справување со насилно однесување кај децата. Преку интерактивни активности, како „Дрво на очекувања“ и „Барометар“, се разви одлична дискусија и саморефлексија, кои помогнаа да се согледаат предизвиците и можностите за подобрување на родителските вештини.
Оваа работилница претставува значаен чекор во градењето на посигурна и поддржувачка училишна заедница. Силно веруваме дека заедно можеме да станеме подобри родители и да создаваме безбедна средина за нашите деца. 👨‍👩‍👧‍👦✨

Проектот се реализира со поддршка од СМАРТ АП, Коалиција СЕГА и МЦГО.

Галерија