Врсничка едукација

На 24.12.2024 година, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, успешно се реализираше меѓуврсничка едукација на тема „Тимска работа и соработка“. Во активностите учествуваа 40 ученици од нашето училиште, вклучувајќи и претставници на ученичкиот парламент.
Едукацијата се одржа во позитивна и интерактивна атмосфера, каде преку активности како „Ајкула“ и „Пуст остров“ учениците практично ги применуваа научените вештини за тимска работа, комуникација и кооперативно однесување. Целта беше да се подигне свеста за важноста на соработката и заедничкото постигнување цели.
Учениците кои учествуваа во оваа активност подоцна ќе организираат слични работилници за своите врсници, со што ќе се прошири примената на техниките и придобивките од тимската работа.
Нашето училиште продолжува со иницијативи кои ја поддржуваат тимската работа, демократската култура и безбедната училишна средина. 💡👏

Галерија