Право на учество на конкурсот за избор на ученик на генерација имаат учениците од деветто одделение кои ги исполнуваат следните критериуми
- Кандидатот да бил оценет со примерно поведение на крај на наставната година од четврто до деветто одделение
- Кандидатот да постигнувал среден успех 5.00 на крај на наставната година од четврто до деветто одделение.
- Да учествувал на училишни, регионални, државни, меѓународни натпревари или проекти
- Да не бил казнуван до педагошка мерка од било кој вид во текот на школувањето во училиштето
- вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на годината да не биде поголем од 3 ( за секоја улебна година одделно)
- Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес за улество во активнсоти, промоции и проекти за унапредување на училиштето.
Потребна документација
- пријава за избор на ученик на генерација
- фотокопија од свидетелства од прво до деветто одделение
- фотокопија од дипломи за улество и освоени награди на натпревари
- потврда за учество во слободни ученички активности, проекти, промоции и во работата на ученичките организации.
конкурсот трае од 27.05.2024 до 05.06.2024
Учениците потребните документи да ги достават во училиштето
За дополнителни информации да се обратите кај предметниот наставник Билјана Смилевска.